Ликовите од поемата ,,Сердарот'' на Григор Прличев
Неда е централен лик во поемата.Таа е убава,силна и достоинствена жена, мајка која неизмерно го сака својот син Кузман Капидан.Кога дознава за неговата смрт таа испушта потресен крик, зошто нема ништо пострашно од смртта на своето чедо:
- "Да, како лавица што дрско овците ја гонат
и плодот и го крадат прв".
Но, и во болката Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да прифати дел од таа болка:
- "Над своите невести и ќерки плачете, о бедни
бидејќи за нив нема спас".
Таа е храбра, гордо ја поднесува смртта на својот син, безстрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и сама да се бори и да ја поведе борбата. Нејзината решителност и чесност се силно изразени. Таа им порачува на соседите да не ги веднат главите, да не чекаат друг да ги брани. Смртта на Кузман Капидан да им биде поттик сами да тргнат во борба против тиранијата:
- "Но, и други борци ќе воскресне Река и водач
нивни ќе излезам в гора
По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе тргнам...
јас да ве уништам морам".
Во ликот на Неда, Прличев го насликал ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
Кузман
Кузман е олицотворение на возвишено јунаштво кое е почитувано и од непријателот. Тој е силен и храбар во борбите, заштитник е на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите, но и него го краси љубовта и почита кон мајка му и неговата девојка Марија.
Кузман бил јунак, Сердарот на Река, кој секогаш шетал со меч опашан околу половината, меч за кој сонувал уште како дете. Тој ги следел стапките на својот татко. Иако знаел дека четата му е малобројна, тоа не го спречило да се бори против Гегите и да го штити својот народ до последната капка крв:
- "Од крвта ненаситен сеуште водеше битка,
лутина гневна дишејќи,
од раните бликаше крвта, но сеуште бритка
мавташе сабја беснејќи."
Величественото во поемата е што за смртта и јунаштвата на Сердарот дознаваме од кажувањата на Арнаутите, кои длабоко му се поклонуваат на мртвото тело на Сердарт и неговата мајка
-,,...јас несретнав појунак човек,
жено, од сина ти сакан.
И блажени нека се твоите гради се довек
што го отхраниле така."
Гегите
Гегите се напријатели кои го пљачкаат и тероризираат народот ,но Прличев ги слика како поклонiци на јунаштвото и чесноста, а не како негативни ликови. Тие за да му одадат чест на големиот јунак сами на раце го носат неговото тело во домот на мајката, ризикувајќи да бидат убиени од гневното население, кое е желно за одмазда. Но, на тој начин искажувајќи ја почитта кон мајката и кон јунакот. Стариот албанец ќе каже:
- "И везден ти да плачеш, имаш зошто, биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народите ќе пеат на колена, со уста милна
за делата на твојот син..."
Тој ја опишува Кузмановата смрт како најхеројски и најдостоинствена. Од голема почит ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнаднат и навредат мајката на јунакот и дека таа ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда неприфаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци.
Thursday, October 19, 2017
Sunday, October 8, 2017
"Илијада" - Хомер
Во Илијада се опишуваат настаните кои се случиле во период од 51 ден, во последната година од Тројанската војна. Дејствието на книгата започнува со гневот на Ахил кон Агамемном, бидејќи му ја земал омилената робинка Брисеида.Ахил се повлекува од војната, но ја следи од својот кораб.
До тогаш војната имала рамноправен карактер, бидејќи во двобоите на јунаците боговите секогаш ги бранеле своите миленици.Но, по повлекувањето на Ахил, богот Зевс им забранил на боговите да се мешаат во војната.Тројанците поведуваат во војната и ја потиснуваат Ахиловата војска до нивниот логор.Божицата Хера се вмешува во битката и Хектор е повреден, па неговата војска морала да се повлече.
Партокле, другарот на Ахил, со желба да и помогне на војската ја зема наметката и мачот на Ахил и ја поведува војската во бој. Тој се надева дека ќе ја измами Тројанската војска и таа ке мисли дека Ахил се вратил.Но, за кратко време војската ќе свати дека тоа не е Ахил и Хектор ќе го предизвика на двобој Партокле и ќе го убие.А за награда му ја одзема воената опрема.
Смртта на Партокле многу го погодува Ахил и сака да се одмазди.Ја поведува својата војска и го предизвикува Хектор на двобој.Ахил го убива Хектор, го врзува за својата приколка и го влече пред очите на Тројанците.Потоа го носи мртвото тело на Хектор во својот логор.
Кралот Пријам, скршен од тага по неговиот син, оди во логорот на Ахил и понизно го моли да му го врати синот. Ахил е трогнат од неговите молби и му го предава телото.Војната е сопрена во наредните 12 дена за да може Хектор да биде закопан со сите почести.

Subscribe to:
Posts (Atom)