Tuesday, February 28, 2017

Дали времето во кое живеам е најдобро за младите?

                                   Дали времето во кое живеам е најдобро
                             за младите од мојата генерација?


               Времето во кое живееме нуди одлични можности на секој млад човек. Можности кои треба на паметен начин да ги искористиме.
          Напредокот на технологијата ни овозможува за мали средства да дојдеме до корисни алатки. Телефоните, ТВ, компјутерите, GPS, USB и слично ни ги олеснуваат активностите во сите области од животот. Тие ни овозможуваат полесен пристап и до најновите софтверски решенија.
               Една од можностите е и интернетот и социјалните мрежи. Можноста со едно кликање на маусот да дојдеме до потребните информации од било која област и да комуницираме со било кој во светот е непроценлива придобивка која ни штеди и време и пари. А, тоа ни остава простор и време да се посветиме и на други активности во животот.
          Денешното време посебен акцент става на здравиот начин на живот, кој бара физичка активност. Преку многуте спортски клубови, современи сали, добро организирани натпревари, се повеќе се поттикнува физичката активност кај младите.Спортот е услов за здрава младина.
          Денешното време ни нуди можност за сестран развој: средства, информации, комуникација и рекреација.Се ни е на дофат и треба максимално да го искористиме.Но, треба и да се потрудиме истото да го подобриме.



                                                        Лектира "Времеплов"
        Проектната работа за лектирата"Времеплов"се состоеше во издвојување на главните настани во книгата и проблемите, ликовите, чувствата врзани за секој настан. Заедно со другите членови од групата ги издвоивме главните настани , а потоа јас ги разработив проблемите(судирите) во секој од настаните.
         Во книгата писателот ги анализира проблемите на неговиот општествен систем и до што би довеле тие односи меѓу сталежите во иднина.
          Низ вековите богатиот "надземен сталеж"од неработење дегенерира. Тој станува незаинтересиран и нечувствителен во начинот на живеење, меѓусебните односи и комуникација. 
          Од друга страна сиромашниот "подземен сталеж" продолжил со работа за да обезбедува добра како за себе така и за надземниот сталеж. Не заостанал толку во менталниот развој, но вековниот живот во темнина го заробува под земјата, а канибализмот станува дел од опстанокот.
          Џорџ Времепловецот се нашол во тој свет, кој го смета за вонцивилизациски. Свет во кој не се знае ни минатото, ни иднината, во кој нема знаење, творештво, стремежи, во кој владеат само законите на природата. 
          Времепловецот кој доаѓа од друго време, време во кое борбата за "подобро" е основен двигател во општеството, неможе да го прифати овој начин на живот. Тој се бори, наоѓа начини и средства за својот опстанок и дури наоѓа излез од овој свет на кој не му припаѓа.
           Тој се судрува и со скептичноста на своите современици, кои дури му го колебаат умот. Но, неговиот научен дух и зnаење го враќаат на прaв пат, пат кон нови истражувања и авантури.
           Книгата изобилува со многу филозофски размисли на писателот, така што не беше тешко да се изнајдат проблемите(судирите) во секој од настаните. Мислам дека успешно ги издвоив и анализирав главните проблеми.  
Проблеми(судири)
Џорџ е опседнат со четвртата димензија ВРЕМЕТО.Тој смета дека истражувањата во овој правец би биле многу корисни за денешницата .Тој знае дека многу работи во неговото општество се погрешно поставени и дека со тек на времето тоа би можело да доведе до крај на цивилизацијата.Но,неговите пријатели се фокусирани строго на секојдневните,реални проблеми кој се јавуваат во светот и неговата теорија ја сметаат за невозможна и губење време.
Научниот дух на Џорџ не му дозволува да се откаже од своите теоретски претпоставки.Станува дел од едно необично патување.Секако тој е во недоумица,до каде ќе оди и дали ќе се врати.Но,тоа е дел од научниот дух.
Џорџ наидува на рај на земјата.Но,каков е тој рај ако нема со кого да ги сподели неговите убавини.
Еолите,веројатно се поколение на богатиот сталеж, кој низ вековите од неработење, дегенерирал.Немаат желба за творештво,уметност,знаење. Живеат од ден за ден, без грижи, без желби, без минато, без иднина. Општествен рај на земјата.
-Човештвото толку унапреднало што ја совладало природата?
Необичната незаинтересираност и нечуствителност кон давењето на Вина, го исплашува Џорџ. -Зарем основните човечки особини како благодарност, пожртвуваност се замрени? Но,надеж му дава искрената љубов на Вина која е верна и без љубомора.                               -Откако силата и интелектот ќе исчезнат, благодарноста и нежноста сеуште ќе живеат во човечкото срце.
Морлоците се продукт на еден болен систем. Со векови држени под земја, работат на машини, но не си дозволиле да излезат на површинина. Светлината ги заробила. А,сега сеуште се грижат ѝза горниот сталеж, но како за стока за одгој.
-Тие се нечовечни синови на човештвото
Џорџ, согледувајќи ги односите во новиот свет, решава нешто да превземе. Тој не се плаши од темнината како Елоите, бидејќи доаѓа од друго време и затоа решава да се брани.
-Енергијата кај нас значи сила, а кај нив слабост.
Инстинктот за преживуавање на Џорџ ги збунува Морлоците. Знаењето дека огнот е најсилното оружје против нив, тој го искористува и преживува.
Болката по Вина, осаменоста, исчезнувањето на временската машина, копнежот за дома, го прави заробеник во времето кое не е негово, во светот на кој не му припаѓа. Тој сака да побегне од оваа бескорисна иднина.
Скептичниот ум на пријателите за вистинитоста на оваа авантура и него го поколеба.
-Дали е сон, лага или пророштво?
Но, двата бели цвета и времепловот му го смируваат разумот.
Џорџ повторно отпатувал во иднината, веројатно во некое поблиско време, каде човештвото го достигнало својот врв и каде луѓето се се уште луѓе.
- Напредокот на човештвото преку бесмисленото натрупување на многубројните резултати на цивилизацијата, на крајот неминовно ќе се урне врз творците и ќе ги уништи.
Настани
  1. Запознавање со временската машина.                                           Времепловецот Џорџ,вратен од необичното патување од иднината,ги потсетува собраните пријатели за минатонеделната дискусија за постоењето на четвртата димензија- ВРЕМЕТО.Тој ги запознал и со временската машина,негов изум,со кој би можело да се патува низ времето.Пријателите тоа го сметале за невозможно и непотребно губење на време.
  • Патување низ времето.                 Непоколебливиот научен дух на Џорџ ја обистинува неговата претпоставка.Тој со машината заминува од ова време,гледајќи како во секунда се менува денот и ноќта,сонцето и месецот,снеговите и годините.Таа црна лента од слики ја сопира на 802 701год.
  • Запознавање со новиот свет.        Природата е како рајска градина со необични растенија плодови,бои и мириси.Понекоја запуштена зграда,без куќи,огради,бавчи,плевел, инсекти
  • Запознавање со Еолите.
  •            Еолите се убави, русокоси човечки суштества со необичен јазик и убава светла облека.Меѓу нив нема стари и изнемоштени,нема полови разлики.Денот го минуваат во лесни игри,капење во реката,водење љубов на шеговит начин,јадење овошје и спиење во групи.       
    1. Девојката Вина се дави во реката, но никој не и помага да се спаси.Џорџ ја спасува ,а таа е многу благодарна.
  • Подземниот свет на Морлоците.   Џорџ се сретнува со еден Морлок под урнатините и согледува дека на земјата има и друг вид на човечки суштества. Решава да ги види одблизу и влегува во еден од бунарите. Таму се згрозува од глетката. Тие се месојади кои живеат во темнина. Само ноќе излегуваат по храна, поточно по Елоите. Затоа Елоите се плашат од темнината. Џорџ се спасува со помош на кибритот, бидејќи Морлоците се плашат од светлината.
  • Барање засолниште.                     Џорџ ја посетува порцеланската палата заедно со Вина. Тоа е стар Палеонтолошки музеј. Во него бара оружје за одбрана. Наоѓа кибрит,камфор и метален лост. Заминува од палатата бидејќи под неа има Морлоци.
  • Напад од Морлоците.                    Враќајќи се од Порцеланската палата се стемнило. Кога влегле во шумата Морлоците ги нападнале. Џорџ предизвикал пожар и успеал да се спаси, но Вина настрадала.
  • Враќање дома.                              Бронзената врата на сфингата е отворена и Џорџ ја здогледува временската машина.Влегува внатре, а вратата се затворила. Морлоците му направиле стапица. По жестока борба Џорџ успева да ја активира машината и да замине во своето време.
  • Пријателите не му веруваат.         Џорџ ја раскажал својата приказна многу уверливо, сепак неговите пријатели не му поверувале. Дури ни двата цвета од Вина кои не се од ова време не ги разубедило.
  • Назад во иднината.                        Џорџ решава да се врати назад. Но, овој пат понел со себе торба и мала камера. Неговиот пријател Филби сведочи за исчезнувањето на машината, која се претворила во сенишна фигура од развиорен прав.           А, каде ќе оди овој пат, само тој знае.
  •