Tuesday, February 28, 2017

Дали времето во кое живеам е најдобро за младите?

                                   Дали времето во кое живеам е најдобро
                             за младите од мојата генерација?


               Времето во кое живееме нуди одлични можности на секој млад човек. Можности кои треба на паметен начин да ги искористиме.
          Напредокот на технологијата ни овозможува за мали средства да дојдеме до корисни алатки. Телефоните, ТВ, компјутерите, GPS, USB и слично ни ги олеснуваат активностите во сите области од животот. Тие ни овозможуваат полесен пристап и до најновите софтверски решенија.
               Една од можностите е и интернетот и социјалните мрежи. Можноста со едно кликање на маусот да дојдеме до потребните информации од било која област и да комуницираме со било кој во светот е непроценлива придобивка која ни штеди и време и пари. А, тоа ни остава простор и време да се посветиме и на други активности во животот.
          Денешното време посебен акцент става на здравиот начин на живот, кој бара физичка активност. Преку многуте спортски клубови, современи сали, добро организирани натпревари, се повеќе се поттикнува физичката активност кај младите.Спортот е услов за здрава младина.
          Денешното време ни нуди можност за сестран развој: средства, информации, комуникација и рекреација.Се ни е на дофат и треба максимално да го искористиме.Но, треба и да се потрудиме истото да го подобриме.



1 comment:

  1. Добро е напишано, најмногу ми се допадна тоа што си напишала дека најмногу внимание се посветува на здравиот живот односно на спортските активности и дека тоа е услов за здрава младина.

    ReplyDelete