Sunday, November 26, 2017

Опис на ликот Рафаел

                                          Опис на ликот Рафаел


               Рафаел де Валентин е младо и симпатично момче на кое судбината не му е наклонета. Тој бил сиромашен и постојано сонувал за богат живот, кој сметал дека ќе му ги отвори вратите кон славата и престижот. Последна надеж за остварување на своите соништа била шагринската кожа, која подоцна поради неговата неразумност ќе го доведе до трагичен крај.
               Шагринската кожа му ги остварила неговите соништа. Со нејзина помош тој се нашол во светот на богатите и сите поради богатството го почитувале. Тој бил задоволен од својот статус, иако секојдневно бил опкружен со лицемерни, љубоморни и злобни луѓе. Тој се разочарал кога и покрај богатството неможел да ја придобие наклоноста на Федора. Тогаш сватил дека со парите неможе се да се купи, освен моменти на задоволство. Во суштина тој и натаму е сам и очаен. Всушност неговиот поглед кон животот е нереалистичен. Тој достигнува углед и слава без труд и работа, туку со измама. А, тоа на крајот ќе го чини прерана смрт. Дури пред смртта тој ќе свати што е вредно во животот, а тоа е самиот живот. Ќе ја препознае искрената љубов на Полин и ќе им се препушти на неколкуте кратки и искрени мига на среќа со неа. 
              Проклетството на Рафаел не е сиромаштијата, туку немањето желба сам да си ја скрои судбината. Затоа и стариот антиквар вели:
  -  "Природата на човекот е таква: ретко (или никогаш не) прима совети од друг се додека не помине сам низ искушенијата, се додека не сети нешто врз сопствената кожа."

Saturday, November 18, 2017

     

                                Опис на ликот на кучето Бак

    Бак е извонредно куче, со расно потекло, чија судбина го шета низ разни средини и искушенија. Прво живее како благородно куче на судија и сите го почитуваат. Но, таму води привидно слободен живот, бидејќи мора да се придржува на законите на цивилизацијата.
    Златната треска му го менува животот и станува жртва на неморални луѓе, кои го киднапираат и продаваат на Дивиот Север. Таму влече санки и робува на нехумани луѓе од кои го учи законот на стапот и забите. Животот му е исполнет со глад, студ, премор, ќотек. Во тој живот нема место за убав збор и прегратка. Секојдневната борба за преживување подразбира:  " Убиј или ќе бидеш убиен. Изеди или ќе бидеш изеден!".
    Со Џон Торнтон ја спознава вистинската љубов. Тој ја буди кај него верноста, пожртвувањето и бескрајната љубов. Џон е последната алка на Бак со цивилизацијата.
    По смртта на Џон, повикот од дивината, исконските нагони, сенките и привиденијата од предците, жедта за крв стануваат се посилни. Тој станува грабливо животно кое само се бори за својот опстанок, поради што е многу горд на себе. А сето тоа како зараза се шири низ неговото битие. Завивањето на волчјата глутница е последниот повик, по кој Бак влегува во нов живот, во дивината, во вистинската слобода, онаа наследена од предците.
    Волчјото лукавство, интелигенцијата од расното потекло, цивилизираното воспитание и искуството од разните училишта на животот низ кои мина, го прави извонредно суштество, какво што дотогаш не лутало во дивината.

Monday, November 6, 2017

Панонски легенди

                                                Панонски легенди

            "Панонските легенди" е книга посветена за животот и работата на браќата Кирил и Методиј. Вистинскиот автор не е познат. Книгата е поделена на три дела : Житието за Кирил, Житието за Методиј и Дипломатската значајност на моравската мисија на браќата Кирил и Методиј.
            Браќата потекнуваат од богато семејство во солунската област. Методиј е првото ,а Константин е седмото дете на Лав и Марија. Многу сакале да учат, па Кирил уште на 15 години е повикан во Цариград и ја завршил Магнаурската школа, а Методиј се замонаршил во манастирот Полихрон.
            Поради нивната наобразба и мудрост, царигратскиот владетел ги праќа во три мисии за да ги заштити христијаните од влијанието на муслиманската и еврејската религија.
 - Сараченска мисија
 -Хазарска мисија
 -Моравска мисија
      Моравската мисија е најзначајна, бидејќи тогаш ја создаваат глаголицата и ги преведуваат првите црковни книги на словенски јазик. Наклеветени за ерес од германското свештенство одат во Рим. Папата ги благословува нивните книги и им дава високи свештенички чинови за нивната работа. Свети Кирил тука починува, а Свети Методиј се враќа во Моравија да ја заврши започнатата мисија. Пред смртта ја преведува библијата. 
        После нивната дејност христијанството било полесно прифатено и разбрано од словенските народи.
 -  "Во црквата сакам 5 збора со својот ум да кажам и другите да ги поучам одколку илјадници зборови на разни јазици."