Sunday, November 26, 2017

Опис на ликот Рафаел

                                          Опис на ликот Рафаел


               Рафаел де Валентин е младо и симпатично момче на кое судбината не му е наклонета. Тој бил сиромашен и постојано сонувал за богат живот, кој сметал дека ќе му ги отвори вратите кон славата и престижот. Последна надеж за остварување на своите соништа била шагринската кожа, која подоцна поради неговата неразумност ќе го доведе до трагичен крај.
               Шагринската кожа му ги остварила неговите соништа. Со нејзина помош тој се нашол во светот на богатите и сите поради богатството го почитувале. Тој бил задоволен од својот статус, иако секојдневно бил опкружен со лицемерни, љубоморни и злобни луѓе. Тој се разочарал кога и покрај богатството неможел да ја придобие наклоноста на Федора. Тогаш сватил дека со парите неможе се да се купи, освен моменти на задоволство. Во суштина тој и натаму е сам и очаен. Всушност неговиот поглед кон животот е нереалистичен. Тој достигнува углед и слава без труд и работа, туку со измама. А, тоа на крајот ќе го чини прерана смрт. Дури пред смртта тој ќе свати што е вредно во животот, а тоа е самиот живот. Ќе ја препознае искрената љубов на Полин и ќе им се препушти на неколкуте кратки и искрени мига на среќа со неа. 
              Проклетството на Рафаел не е сиромаштијата, туку немањето желба сам да си ја скрои судбината. Затоа и стариот антиквар вели:
  -  "Природата на човекот е таква: ретко (или никогаш не) прима совети од друг се додека не помине сам низ искушенијата, се додека не сети нешто врз сопствената кожа."

No comments:

Post a Comment