Friday, December 22, 2017
Ликот на Бастијан во романот ,,Бескрајна приказна"
Бастијан Балтазар Букс е главниот лик во фантастичниот роман ,,Бескрајна приказна". Тоа е симпатично десет годишно момче кое живее со својот татко. Поради загубата на својата мајка, детето и таткото се оддалечуваат еден од друг и секој се повлекува во својата тага.
Бастијан многу сака да чита. Ја ,,краде"книгата ,,Бескрајна приказна"и со неа влегува во тајниот свет на фантазијата. Како и секое дете тој е воодушевен од чудесниот свет, ликовите и фантастичните предели и ситуации во него. Тој особено се соживува со бестрашниот Атреј, кој храбро ги минува сите препреки и искушенија, само за да го најде лекот за својата кралица. Желбата за авантура и возбудувања го внесува во книгата и тој станува дел од неа. При тоа си дава голема важност како дете спасител на кралицата. И приказната добива нов тек. Желбите на Бастијан, како спасител на кралицата и кралството, ќе му бидат исполнети. Станува принц, кој потоа се полакомува и посакува да стане и Детски цар. При тоа, како љубопитен истражувач, се сретнува со принцеви и необични животни. Станува лик со голема важност и храброст. Толку смел што се нафаќа на двобој. Но, сфаќа дека секоја желба неможе да се исполни и се враќа во реалниот свет, кај татко му.
Необичното патување во светот на фантазијата го прави похрабар и посмел. Ги согледува вредностите на неговиот стабилен дом и неизмерната љубов на татко му. Оваа книга и патување повторно ги зближува.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment