Thursday, May 31, 2018

„За буквите“ - Црноризец Храбар

                                                За буквите

Ова дело е напишано од Црноризец Храбар и во него се зборува за создавањето на словенското и грчкото писмо и за нивните сличности и разлики. Во делото се зборува дека грчкото писмое(кое е постаро од словенското) едно од тие кои Бог наредил книгите да се пишуваат. А, додека словенската според евангелието не е создадена од Бога туку е создадена одовек пратен од Бога. Грчкото писмо е создадено и обновувано од различни автори и грците не ги знаат сите автори на своето писмо. Додека словените знаат дека нивниот автор е Константин Филозоф а, творец е Кирил. Исто така зборува дека словените имале недостаток од букви во својата азбука која настанала поради недостатокот на букви во грчкото писмо.

Роберт Луис Стивенсон- „Островот со скриеното богатство“

                      Островот со скриеното богатство


тровотсо скриеното богатство е роман во кој се работипотрага на богадство кое е скриено на еден напуштен остров. Главен лик е Џим кој работејќи во меана се запознава со капетан. Капетанот набрзо умира и Џим пронаоѓа мапа со пат до скриено богатство и тргнува на пат по него. Противникот во ова дело е Џон Силва. Тој во својата меана го запознава Џим и заминува на патувањето како дел од екипажот. Со својата позитивност, тој ја добива довербата на сите. Но, неговите намери не се најискрени. Џон заминува на патувањето за да го пронајде богатството, а тоа се обидува да го направи со помош на неговите поддржувачи.
                     Вистинскиот судир во ова дело започнува по пристигнувањето на островот. Сите на бродот имаат желба да го пронајдат богатството, но не сите планираат тоа да биде еднакво распределено на целиот екипаж. Пријателите на Џим, по мачната борба успеваат да го победат Џон.
                     „Островот со скриеното богатство“ е дело во кое е опишано патувањето на еден екипаж и нивната потрага по скриеното богатство.

„Чорбаџи Теодос“ -Васил Иљоски

                                        Чорбаџи Теодос
Стојанка е млада, вредна но, сиромашна девојка од Скопје која живеела за време на Османлиското владеење. Таа е заљубена во Томче кој на жалост е син на Чорбаџијата Теодос. Бидејќи таа е девојка од времето на Османлиското владеење нејзината иднина е веќе одредена да е сурова бидејќи нема дозвола да се омажи за Томче бидејќи тој е син на Чорбаџија. Теодос е многу строг и недозволува неговиот син да се ожени за сиромава девојка бидејќи ја сметал за нечесна и несоодветна во неговата фамилија. Таа светот го смета за неправеден бидејќи ги делел луѓето на сиромави и богати. Но, сепак и покрај тоа таа продолжува да се бори за љубовта помеѓу неа и Томче и на крајот го добива посакуваното. Таа според мене е статичен лик токму поради оваа причина и е добар симбол за храброст.

Антигона- Софокле

                                      Антигона
    Антигона е млада и храбра девојка од Теба која е осудена на смрт од страна на кралот бидејќи ја прекршува наредбата на кралот и го погребува својот брат. Таа секогаш ги брани своите одлуки и е ослучна за своите постапки. Таа свесно ја жртвува својата иднина за да ја задржи честа и среќата на својата фамилија. Но, поради прекршената наредба од страна на кралот многу луѓе ја осудуваат безмилосно. Таа е секогаш разочарана од светот околу неа поради тоа што смета дека е безмилосен бидејќи нејзините браќа не биле третирани како останатите. Таа е осамена бидејќи смета дека луѓето се чудни и безмилосни и не ги разбира, што е истата причина зошто тие несакаат да се околу неа. Антигона е динамичен лик бидејќи таа постојано размислува на своите постапки и што е најдобро за неа и нејзината фамилија.

Вујко Вања- Антон Павлович Чехов

                                    Вујко Вања

Едно од најпознатите дела од Чехов е ''Вујко Вања''. Се работи за драма во која се соочуваат ликови, на кои заедничко им е нивната психолошка состојба. Без разлика дали зборуваме за Вујко Вања, или за Соња или за стариот професор и неговата сопруга, или пак можеби за докторот , зборуваме за личности кои се разочарани , депресивни и затворени во својот свет. Вујко Вања е скромен и мирен човек, трудољубив и  чесен.Тој нема свое семејство а ја има само својата внука Соња. Деноноќно работи на имотот на Серебрајков , го одржува во пристојна состојба и ужива во тоа. Немирот на Вујко Вања се буди кога осознава дека неговиот живот е бесцелен а особено се повлекува во себе кога сваќа дека на неговата љубов не му возвраќа Елена. Кулминација на драмата се случува кога Серебрајков решава да го продаде имотот , лутината го наведува  Вујко Вања да нишани со огнено оружје кон нго. За среќа куршумот завршува настрана и никој не е повреден. По ова Серебрајков го остава имотот , а тој заедно со младата сопруга Елена се отселува . Серебрајков  е стар, боле и љубоморен.Тој постојано ги обвинува сите и е  многу негативен Елена има само 27 години а е мажена за многу постар човек, заради што сите ја сожалуваат. И нејзината смисла за живот е изгубена. Чехов ги прекажува ликовите и нивното досадно и тажно секојдневие