Thursday, May 31, 2018

Вујко Вања- Антон Павлович Чехов

                                    Вујко Вања

Едно од најпознатите дела од Чехов е ''Вујко Вања''. Се работи за драма во која се соочуваат ликови, на кои заедничко им е нивната психолошка состојба. Без разлика дали зборуваме за Вујко Вања, или за Соња или за стариот професор и неговата сопруга, или пак можеби за докторот , зборуваме за личности кои се разочарани , депресивни и затворени во својот свет. Вујко Вања е скромен и мирен човек, трудољубив и  чесен.Тој нема свое семејство а ја има само својата внука Соња. Деноноќно работи на имотот на Серебрајков , го одржува во пристојна состојба и ужива во тоа. Немирот на Вујко Вања се буди кога осознава дека неговиот живот е бесцелен а особено се повлекува во себе кога сваќа дека на неговата љубов не му возвраќа Елена. Кулминација на драмата се случува кога Серебрајков решава да го продаде имотот , лутината го наведува  Вујко Вања да нишани со огнено оружје кон нго. За среќа куршумот завршува настрана и никој не е повреден. По ова Серебрајков го остава имотот , а тој заедно со младата сопруга Елена се отселува . Серебрајков  е стар, боле и љубоморен.Тој постојано ги обвинува сите и е  многу негативен Елена има само 27 години а е мажена за многу постар човек, заради што сите ја сожалуваат. И нејзината смисла за живот е изгубена. Чехов ги прекажува ликовите и нивното досадно и тажно секојдневие

No comments:

Post a Comment