Антигона
Антигона е млада и храбра девојка од Теба која е осудена на смрт од страна на кралот бидејќи ја прекршува наредбата на кралот и го погребува својот брат. Таа секогаш ги брани своите одлуки и е ослучна за своите постапки. Таа свесно ја жртвува својата иднина за да ја задржи честа и среќата на својата фамилија. Но, поради прекршената наредба од страна на кралот многу луѓе ја осудуваат безмилосно. Таа е секогаш разочарана од светот околу неа поради тоа што смета дека е безмилосен бидејќи нејзините браќа не биле третирани како останатите. Таа е осамена бидејќи смета дека луѓето се чудни и безмилосни и не ги разбира, што е истата причина зошто тие несакаат да се околу неа. Антигона е динамичен лик бидејќи таа постојано размислува на своите постапки и што е најдобро за неа и нејзината фамилија.
No comments:
Post a Comment