Friday, December 22, 2017
Ликот на Бастијан во романот ,,Бескрајна приказна"
Бастијан Балтазар Букс е главниот лик во фантастичниот роман ,,Бескрајна приказна". Тоа е симпатично десет годишно момче кое живее со својот татко. Поради загубата на својата мајка, детето и таткото се оддалечуваат еден од друг и секој се повлекува во својата тага.
Бастијан многу сака да чита. Ја ,,краде"книгата ,,Бескрајна приказна"и со неа влегува во тајниот свет на фантазијата. Како и секое дете тој е воодушевен од чудесниот свет, ликовите и фантастичните предели и ситуации во него. Тој особено се соживува со бестрашниот Атреј, кој храбро ги минува сите препреки и искушенија, само за да го најде лекот за својата кралица. Желбата за авантура и возбудувања го внесува во книгата и тој станува дел од неа. При тоа си дава голема важност како дете спасител на кралицата. И приказната добива нов тек. Желбите на Бастијан, како спасител на кралицата и кралството, ќе му бидат исполнети. Станува принц, кој потоа се полакомува и посакува да стане и Детски цар. При тоа, како љубопитен истражувач, се сретнува со принцеви и необични животни. Станува лик со голема важност и храброст. Толку смел што се нафаќа на двобој. Но, сфаќа дека секоја желба неможе да се исполни и се враќа во реалниот свет, кај татко му.
Необичното патување во светот на фантазијата го прави похрабар и посмел. Ги согледува вредностите на неговиот стабилен дом и неизмерната љубов на татко му. Оваа книга и патување повторно ги зближува.
Sunday, November 26, 2017
Опис на ликот Рафаел
Опис на ликот Рафаел
Рафаел де Валентин е младо и симпатично момче на кое судбината не му е наклонета. Тој бил сиромашен и постојано сонувал за богат живот, кој сметал дека ќе му ги отвори вратите кон славата и престижот. Последна надеж за остварување на своите соништа била шагринската кожа, која подоцна поради неговата неразумност ќе го доведе до трагичен крај.
Шагринската кожа му ги остварила неговите соништа. Со нејзина помош тој се нашол во светот на богатите и сите поради богатството го почитувале. Тој бил задоволен од својот статус, иако секојдневно бил опкружен со лицемерни, љубоморни и злобни луѓе. Тој се разочарал кога и покрај богатството неможел да ја придобие наклоноста на Федора. Тогаш сватил дека со парите неможе се да се купи, освен моменти на задоволство. Во суштина тој и натаму е сам и очаен. Всушност неговиот поглед кон животот е нереалистичен. Тој достигнува углед и слава без труд и работа, туку со измама. А, тоа на крајот ќе го чини прерана смрт. Дури пред смртта тој ќе свати што е вредно во животот, а тоа е самиот живот. Ќе ја препознае искрената љубов на Полин и ќе им се препушти на неколкуте кратки и искрени мига на среќа со неа.
Проклетството на Рафаел не е сиромаштијата, туку немањето желба сам да си ја скрои судбината. Затоа и стариот антиквар вели:
- "Природата на човекот е таква: ретко (или никогаш не) прима совети од друг се додека не помине сам низ искушенијата, се додека не сети нешто врз сопствената кожа."

Saturday, November 18, 2017
Опис на ликот на кучето Бак
Бак е извонредно куче, со расно потекло, чија судбина го шета низ разни средини и искушенија. Прво живее како благородно куче на судија и сите го почитуваат. Но, таму води привидно слободен живот, бидејќи мора да се придржува на законите на цивилизацијата.
Златната треска му го менува животот и станува жртва на неморални луѓе, кои го киднапираат и продаваат на Дивиот Север. Таму влече санки и робува на нехумани луѓе од кои го учи законот на стапот и забите. Животот му е исполнет со глад, студ, премор, ќотек. Во тој живот нема место за убав збор и прегратка. Секојдневната борба за преживување подразбира: " Убиј или ќе бидеш убиен. Изеди или ќе бидеш изеден!".
Со Џон Торнтон ја спознава вистинската љубов. Тој ја буди кај него верноста, пожртвувањето и бескрајната љубов. Џон е последната алка на Бак со цивилизацијата.
По смртта на Џон, повикот од дивината, исконските нагони, сенките и привиденијата од предците, жедта за крв стануваат се посилни. Тој станува грабливо животно кое само се бори за својот опстанок, поради што е многу горд на себе. А сето тоа како зараза се шири низ неговото битие. Завивањето на волчјата глутница е последниот повик, по кој Бак влегува во нов живот, во дивината, во вистинската слобода, онаа наследена од предците.
Волчјото лукавство, интелигенцијата од расното потекло, цивилизираното воспитание и искуството од разните училишта на животот низ кои мина, го прави извонредно суштество, какво што дотогаш не лутало во дивината.
Monday, November 6, 2017
Панонски легенди
Панонски легенди
"Панонските легенди" е книга посветена за животот и работата на браќата Кирил и Методиј. Вистинскиот автор не е познат. Книгата е поделена на три дела : Житието за Кирил, Житието за Методиј и Дипломатската значајност на моравската мисија на браќата Кирил и Методиј.
Браќата потекнуваат од богато семејство во солунската област. Методиј е првото ,а Константин е седмото дете на Лав и Марија. Многу сакале да учат, па Кирил уште на 15 години е повикан во Цариград и ја завршил Магнаурската школа, а Методиј се замонаршил во манастирот Полихрон.
Поради нивната наобразба и мудрост, царигратскиот владетел ги праќа во три мисии за да ги заштити христијаните од влијанието на муслиманската и еврејската религија.
- Сараченска мисија
-Хазарска мисија
-Моравска мисија
Моравската мисија е најзначајна, бидејќи тогаш ја создаваат глаголицата и ги преведуваат првите црковни книги на словенски јазик. Наклеветени за ерес од германското свештенство одат во Рим. Папата ги благословува нивните книги и им дава високи свештенички чинови за нивната работа. Свети Кирил тука починува, а Свети Методиј се враќа во Моравија да ја заврши започнатата мисија. Пред смртта ја преведува библијата.
После нивната дејност христијанството било полесно прифатено и разбрано од словенските народи.
- "Во црквата сакам 5 збора со својот ум да кажам и другите да ги поучам одколку илјадници зборови на разни јазици."

Thursday, October 19, 2017
Ликовите од поемата Сердарот на Григор Прличев
Ликовите од поемата ,,Сердарот'' на Григор Прличев
Неда е централен лик во поемата.Таа е убава,силна и достоинствена жена, мајка која неизмерно го сака својот син Кузман Капидан.Кога дознава за неговата смрт таа испушта потресен крик, зошто нема ништо пострашно од смртта на своето чедо:
- "Да, како лавица што дрско овците ја гонат
и плодот и го крадат прв".
Но, и во болката Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да прифати дел од таа болка:
- "Над своите невести и ќерки плачете, о бедни
бидејќи за нив нема спас".
Таа е храбра, гордо ја поднесува смртта на својот син, безстрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и сама да се бори и да ја поведе борбата. Нејзината решителност и чесност се силно изразени. Таа им порачува на соседите да не ги веднат главите, да не чекаат друг да ги брани. Смртта на Кузман Капидан да им биде поттик сами да тргнат во борба против тиранијата:
- "Но, и други борци ќе воскресне Река и водач
нивни ќе излезам в гора
По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе тргнам...
јас да ве уништам морам".
Во ликот на Неда, Прличев го насликал ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
Кузман
Кузман е олицотворение на возвишено јунаштво кое е почитувано и од непријателот. Тој е силен и храбар во борбите, заштитник е на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите, но и него го краси љубовта и почита кон мајка му и неговата девојка Марија.
Кузман бил јунак, Сердарот на Река, кој секогаш шетал со меч опашан околу половината, меч за кој сонувал уште како дете. Тој ги следел стапките на својот татко. Иако знаел дека четата му е малобројна, тоа не го спречило да се бори против Гегите и да го штити својот народ до последната капка крв:
- "Од крвта ненаситен сеуште водеше битка,
лутина гневна дишејќи,
од раните бликаше крвта, но сеуште бритка
мавташе сабја беснејќи."
Величественото во поемата е што за смртта и јунаштвата на Сердарот дознаваме од кажувањата на Арнаутите, кои длабоко му се поклонуваат на мртвото тело на Сердарт и неговата мајка
-,,...јас несретнав појунак човек,
жено, од сина ти сакан.
И блажени нека се твоите гради се довек
што го отхраниле така."
Гегите
Гегите се напријатели кои го пљачкаат и тероризираат народот ,но Прличев ги слика како поклонiци на јунаштвото и чесноста, а не како негативни ликови. Тие за да му одадат чест на големиот јунак сами на раце го носат неговото тело во домот на мајката, ризикувајќи да бидат убиени од гневното население, кое е желно за одмазда. Но, на тој начин искажувајќи ја почитта кон мајката и кон јунакот. Стариот албанец ќе каже:
- "И везден ти да плачеш, имаш зошто, биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народите ќе пеат на колена, со уста милна
за делата на твојот син..."
Тој ја опишува Кузмановата смрт како најхеројски и најдостоинствена. Од голема почит ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнаднат и навредат мајката на јунакот и дека таа ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда неприфаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци.

Sunday, October 8, 2017
"Илијада" - Хомер
Во Илијада се опишуваат настаните кои се случиле во период од 51 ден, во последната година од Тројанската војна. Дејствието на книгата започнува со гневот на Ахил кон Агамемном, бидејќи му ја земал омилената робинка Брисеида.Ахил се повлекува од војната, но ја следи од својот кораб.
До тогаш војната имала рамноправен карактер, бидејќи во двобоите на јунаците боговите секогаш ги бранеле своите миленици.Но, по повлекувањето на Ахил, богот Зевс им забранил на боговите да се мешаат во војната.Тројанците поведуваат во војната и ја потиснуваат Ахиловата војска до нивниот логор.Божицата Хера се вмешува во битката и Хектор е повреден, па неговата војска морала да се повлече.
Партокле, другарот на Ахил, со желба да и помогне на војската ја зема наметката и мачот на Ахил и ја поведува војската во бој. Тој се надева дека ќе ја измами Тројанската војска и таа ке мисли дека Ахил се вратил.Но, за кратко време војската ќе свати дека тоа не е Ахил и Хектор ќе го предизвика на двобој Партокле и ќе го убие.А за награда му ја одзема воената опрема.
Смртта на Партокле многу го погодува Ахил и сака да се одмазди.Ја поведува својата војска и го предизвикува Хектор на двобој.Ахил го убива Хектор, го врзува за својата приколка и го влече пред очите на Тројанците.Потоа го носи мртвото тело на Хектор во својот логор.
Кралот Пријам, скршен од тага по неговиот син, оди во логорот на Ахил и понизно го моли да му го врати синот. Ахил е трогнат од неговите молби и му го предава телото.Војната е сопрена во наредните 12 дена за да може Хектор да биде закопан со сите почести.

Saturday, March 25, 2017
Правење на биографија за позната личност
За оваа проектна задача на мојата група и беше доделена биографијата на Тоше Проески.Во групата бев со Марко Марашевич и Дино Трајчевски.Јас ја презентирав биографијата за животот и кариерата, Марко за сообраќајната несреќа и како смртта ја погоди македонската јавност, а Дино требаше да презентира за неговата хуманитарна активност.Поради отсуството на Дино, презентацијата не беше комплетна.Бевме оценети со 57%.
Tuesday, February 28, 2017
Дали времето во кое живеам е најдобро за младите?
Дали времето во кое живеам е најдобро
за младите од мојата генерација?
Времето во кое живееме нуди одлични можности на секој млад човек. Можности кои треба на паметен начин да ги искористиме.
Напредокот на технологијата ни овозможува за мали средства да дојдеме до корисни алатки. Телефоните, ТВ, компјутерите, GPS, USB и слично ни ги олеснуваат активностите во сите области од животот. Тие ни овозможуваат полесен пристап и до најновите софтверски решенија.
Една од можностите е и интернетот и социјалните мрежи. Можноста со едно кликање на маусот да дојдеме до потребните информации од било која област и да комуницираме со било кој во светот е непроценлива придобивка која ни штеди и време и пари. А, тоа ни остава простор и време да се посветиме и на други активности во животот.
Денешното време посебен акцент става на здравиот начин на живот, кој бара физичка активност. Преку многуте спортски клубови, современи сали, добро организирани натпревари, се повеќе се поттикнува физичката активност кај младите.Спортот е услов за здрава младина.
Денешното време ни нуди можност за сестран развој: средства, информации, комуникација и рекреација.Се ни е на дофат и треба максимално да го искористиме.Но, треба и да се потрудиме истото да го подобриме.

Лектира "Времеплов"
Проектната работа за лектирата"Времеплов"се состоеше во издвојување на главните настани во книгата и проблемите, ликовите, чувствата врзани за секој настан. Заедно со другите членови од групата ги издвоивме главните настани , а потоа јас ги разработив проблемите(судирите) во секој од настаните.
Во книгата писателот ги анализира проблемите на неговиот општествен систем и до што би довеле тие односи меѓу сталежите во иднина.
Низ вековите богатиот "надземен сталеж"од неработење дегенерира. Тој станува незаинтересиран и нечувствителен во начинот на живеење, меѓусебните односи и комуникација.
Од друга страна сиромашниот "подземен сталеж" продолжил со работа за да обезбедува добра како за себе така и за надземниот сталеж. Не заостанал толку во менталниот развој, но вековниот живот во темнина го заробува под земјата, а канибализмот станува дел од опстанокот.
Џорџ Времепловецот се нашол во тој свет, кој го смета за вонцивилизациски. Свет во кој не се знае ни минатото, ни иднината, во кој нема знаење, творештво, стремежи, во кој владеат само законите на природата.
Времепловецот кој доаѓа од друго време, време во кое борбата за "подобро" е основен двигател во општеството, неможе да го прифати овој начин на живот. Тој се бори, наоѓа начини и средства за својот опстанок и дури наоѓа излез од овој свет на кој не му припаѓа.
Тој се судрува и со скептичноста на своите современици, кои дури му го колебаат умот. Но, неговиот научен дух и зnаење го враќаат на прaв пат, пат кон нови истражувања и авантури.
Книгата изобилува со многу филозофски размисли на писателот, така што не беше тешко да се изнајдат проблемите(судирите) во секој од настаните. Мислам дека успешно ги издвоив и анализирав главните проблеми.
Проблеми(судири)
Настани

Џорџ е опседнат со четвртата димензија ВРЕМЕТО.Тој смета дека истражувањата во овој правец би биле многу корисни за денешницата .Тој знае дека многу работи во неговото општество се погрешно поставени и дека со тек на времето тоа би можело да доведе до крај на цивилизацијата.Но,неговите пријатели се фокусирани строго на секојдневните,реални проблеми кој се јавуваат во светот и неговата теорија ја сметаат за невозможна и губење време.
|
Научниот дух на Џорџ не му дозволува да се откаже од своите теоретски претпоставки.Станува дел од едно необично патување.Секако тој е во недоумица,до каде ќе оди и дали ќе се врати.Но,тоа е дел од научниот дух.
|
Џорџ наидува на рај на земјата.Но,каков е тој рај ако нема со кого да ги сподели неговите убавини.
|
Еолите,веројатно се поколение на богатиот сталеж, кој низ вековите од неработење, дегенерирал.Немаат желба за творештво,уметност,знаење. Живеат од ден за ден, без грижи, без желби, без минато, без иднина. Општествен рај на земјата.
-Човештвото толку унапреднало што ја совладало природата?
|
Необичната незаинтересираност и нечуствителност кон давењето на Вина, го исплашува Џорџ. -Зарем основните човечки особини како благодарност, пожртвуваност се замрени? Но,надеж му дава искрената љубов на Вина која е верна и без љубомора. -Откако силата и интелектот ќе исчезнат, благодарноста и нежноста сеуште ќе живеат во човечкото срце.
|
Морлоците се продукт на еден болен систем. Со векови држени под земја, работат на машини, но не си дозволиле да излезат на површинина. Светлината ги заробила. А,сега сеуште се грижат ѝза горниот сталеж, но како за стока за одгој.
-Тие се нечовечни синови на човештвото
|
Џорџ, согледувајќи ги односите во новиот свет, решава нешто да превземе. Тој не се плаши од темнината како Елоите, бидејќи доаѓа од друго време и затоа решава да се брани.
-Енергијата кај нас значи сила, а кај нив слабост.
|
Инстинктот за преживуавање на Џорџ ги збунува Морлоците. Знаењето дека огнот е најсилното оружје против нив, тој го искористува и преживува.
|
Болката по Вина, осаменоста, исчезнувањето на временската машина, копнежот за дома, го прави заробеник во времето кое не е негово, во светот на кој не му припаѓа. Тој сака да побегне од оваа бескорисна иднина.
|
Скептичниот ум на пријателите за вистинитоста на оваа авантура и него го поколеба.
-Дали е сон, лага или пророштво?
Но, двата бели цвета и времепловот му го смируваат разумот.
|
Џорџ повторно отпатувал во иднината, веројатно во некое поблиско време, каде човештвото го достигнало својот врв и каде луѓето се се уште луѓе.
- Напредокот на човештвото преку бесмисленото натрупување на многубројните резултати на цивилизацијата, на крајот неминовно ќе се урне врз творците и ќе ги уништи.
|
|
Патување низ времето. Непоколебливиот научен дух на Џорџ ја обистинува неговата претпоставка.Тој со машината заминува од ова време,гледајќи како во секунда се менува денот и ноќта,сонцето и месецот,снеговите и годините.Таа црна лента од слики ја сопира на 802 701год.
|
Запознавање со новиот свет. Природата е како рајска градина со необични растенија плодови,бои и мириси.Понекоја запуштена зграда,без куќи,огради,бавчи,плевел, инсекти
|
Запознавање со Еолите.
Еолите се убави, русокоси човечки суштества со необичен јазик и убава светла облека.Меѓу нив нема стари и изнемоштени,нема полови разлики.Денот го минуваат во лесни игри,капење во реката,водење љубов на шеговит начин,јадење овошје и спиење во групи.
|
|
Подземниот свет на Морлоците. Џорџ се сретнува со еден Морлок под урнатините и согледува дека на земјата има и друг вид на човечки суштества. Решава да ги види одблизу и влегува во еден од бунарите. Таму се згрозува од глетката. Тие се месојади кои живеат во темнина. Само ноќе излегуваат по храна, поточно по Елоите. Затоа Елоите се плашат од темнината. Џорџ се спасува со помош на кибритот, бидејќи Морлоците се плашат од светлината.
|
Барање засолниште. Џорџ ја посетува порцеланската палата заедно со Вина. Тоа е стар Палеонтолошки музеј. Во него бара оружје за одбрана. Наоѓа кибрит,камфор и метален лост. Заминува од палатата бидејќи под неа има Морлоци.
|
Напад од Морлоците. Враќајќи се од Порцеланската палата се стемнило. Кога влегле во шумата Морлоците ги нападнале. Џорџ предизвикал пожар и успеал да се спаси, но Вина настрадала.
|
Враќање дома. Бронзената врата на сфингата е отворена и Џорџ ја здогледува временската машина.Влегува внатре, а вратата се затворила. Морлоците му направиле стапица. По жестока борба Џорџ успева да ја активира машината и да замине во своето време.
|
Пријателите не му веруваат. Џорџ ја раскажал својата приказна многу уверливо, сепак неговите пријатели не му поверувале. Дури ни двата цвета од Вина кои не се од ова време не ги разубедило.
|
Назад во иднината. Џорџ решава да се врати назад. Но, овој пат понел со себе торба и мала камера. Неговиот пријател Филби сведочи за исчезнувањето на машината, која се претворила во сенишна фигура од развиорен прав. А, каде ќе оди овој пат, само тој знае.
|
Subscribe to:
Posts (Atom)